За патронот

Почетна / За нас / За патронот

Орце Николов е роден 1916 во Скопје. Потекнува од многу сиромашно семејство. По завршувањето на основното образование, учел кројачки занает во Скопје.

Многу млад станува член на Меѓународниот синдикален одбор и Одборот за штрајкови. 1935 година станува член на КПЈ (Комунистичката партија на Југославија). 1937 година служи војска во Загреб и таму се поврзува со комунистичкото движење. Се враќа во Скопје 1939 година и станува еден од најистакнатите и најискусните комунисти, така што станува член на ПК КПЈ. 1941 година е уапсен поради вмешаност во демонстрации и како секретар на МК КПЈ. По грозоморни измачувања, изведен е пред суд и осуден на две години затвор. Казната ја издржува во Велика Кикинда, а потоа е префрлен во Сремска Митровица, каде што биле затворени познати југословенски револуционери. Додека се наоѓал во затвор, на Петтата земска партиска конференција, која била одржана во Загреб, Орце Николов е избран за кандидат на ЦК на КПЈ. Фашистичката окупација го затекнала во затвор, но во август 1941 година, со помош на сремските партизани, Орце Николов успеал да избега на слободната територија во Ужице.

Во 1941 година, Орце Николов се среќава со Јосип Броз Тито и добива задача да премине во Македонија и да организира вооружено востание. Првиот обид на Орце Николов да се префрли во Македонија не успеал. Во вториот обид, на 4 јануари 1942 година, на прагот на својата сакана Македонија, загинал.

За своите заслуги за народот, татковината Орце Николов е прогласен за народен херој на 29 јули 1945 година.