Согласно препораките од Министерство за образование и наука за проширување на квотата за упис во прва година, сите ученици со 75,00 поени и повеќе од 75,00 поени на ранг листата, ќе бидат распределени во 9 паралелки, согласно Конкурсот за упис во  учебната 2019-2020 година.

Tестирањето за влез во билингвалните англиски паралелки ќе се реализира во понеделник – 24.06.2019 година со почеток во 10 часот.

Се замолуваат учениците кои ќе се тестираат, да пристигнат во училиштето половина час пред назначеното време, за да започне тестирањето навреме.

Потребно е учениците со себе да носат документ за лична идентификација.

Учениците кои нема да влезат во билингвалите англиски паралелки ќе бидат распределени во останатите паралелки.

За оние ученици кои од оправдани причини не можат да присуствуваат на тестирањето во понеделник, одреден е термин за вонредно тестирање во петок (21.06.2019г.)  со почеток во 9.30ч. со претходно поднесено барање во архивата на училиштето најдоцна до 15.30ч. во текот на денешниот ден (20.06.2019).

Тестирање за билингвална француска паралелка нема да се одржи.

Комисија за упис на ученици во прва година