Гимназија „Орце Николов“ е препознатлива по своите критериуми за создавање нови идеи кои поттикнуваат индивидуалност и креативност.

На 65-годишнината од постоењето на нашата гимназија создадовме ново лого со авангарден стил на дизајнот кој ќе ја репрезентира оваа генерација како новиот бран на модерната култура и време во нашиот град.

Благодарност до нашите ученици Леон Шумански, Тадеј Христов и Милош Мициќ за нивната креативност во создавање на новиот дизајн.