Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија, објавен од Министерството за образование, Училишната комисија на Средното училиште на Град Скопје Гимназија “Орце Николов” – Скопје за запишување на ученици во учебната 2021/2022 година , на ден  20.04.2021 година го објави следниот:

 

И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С

за запишување ученици во прва година за гимназиско образование за учебната 2021/2022 година

 

I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ

Во I- ва година ќе се запишат вкупно: 9 паралелки со вкупно 285 ученици во гимназиско образование , од кои

  • во 5 паралелки со вкупно 170 ученици наставата ќе се изведува на македонски јазик и кирилско писмо
  • во 1 паралелка со 25 ученици со билингвална настава (одреден број предмети ќе се изведува на француски јазик)
  • во 3 паралелки со вкупно 90 ученици со билингвална настава (одреден број предмети ќе се изведува на англиски јазик)
  • При пријавувањето за гимназиско образование потребно е учениците уште при самиот упис да се определат согласно своите афинитети, за соодветното подрачје и комбинација (А или Б) што ќе ја изучуваат во текот на нивното образование
  1. Природно – математичко подрачје (комбинација А)
  2. Природно – математичко подрачје (комбинација Б)
  3. Опшествено – хуманистичко подрачје (комбинација А)
  4. Опшествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б)
  5. Јазично – уметничко подрачје (комбинација А)
  6. Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б)

 

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
  • да имаат завршено основно образование
  • да не се постари од 17 години
  • да се определиле за план и програма за гимназиско образование
  • да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој КОНКУРС
  • Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини.

 

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
  • пријава за запишување (се презема од официјалната веб-страница на МОН испечатена и пополнета);
  • оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
  • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето – оригинален документ).
  • Кандидатите ги поднесуваат документите лично кај уписната комисија во училиштето. Во случај на оправдана спреченост на ученикот, документите ги поднесува родителот односно старателот на ученикот на денот на уписот.
    Некомплетирани документи нема да се примаат.
IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

  1. Првото пријавување и запишување на учениците во првиот уписен рок се врши: на 14 јуни 2021 година од 12:00-19:00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година од 07:00 – 15:00 часот,
    • Резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на на 17 јуни 2021 година од 16:00 – 19:00 часот.
      • Квалификационо тестирање за билингвалните паралелки за англиски односно француски јазик ќе се рализира на 18 јуни 2021 година во 10 часот, а резултатите ќе се објават на 18 јуни 2021 година. Конечната ранг-листа ќе биде објавена истиот ден.
      • Доколку со примена на основните критериуми за избор, на ранг-листата се појават поголем број  ученици од планираниот  број со еднаков број на поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката (мајчин јазик и математика) на 21 јуни 2021 година, а резултатите ќе се објават на 21 јуни 2021 година.
      • Доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број кандидати од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 22 јуни 2021 година во 10 часот, а резултатите ќе се објават на 22 јуни 2021 година.

 

2. Второто пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок, доколку има слободни места, ќе се спроведе на 23 и 24 јуни 2021 година од 07:00 до 15:00 часот, а резултатите од запишувањето и слободните места, доколку ги има, ќе се објават на 22 јуни 2021 година од 16:00 часот до 19:00 часот.

3. Третото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок доколку во училиштето сѐ уште има слободни места, ќе се спроведе на 30 јуни 2021 година од 07:00 до 19:00 часот, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.

4. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.

Против одлуката за упис учениците и нивните родители (старатели), во рок од 24 часа од соопштувањето на резултатите, можат да поднесат приговор до Училишниот комисија, која по приговорот решава во рок од 24 часа од приемот на приговорот.

Решението по приговорот е конечно.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа.

 

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ
  • средниот успех на ученикот од VI-IX одделение,
  • средниот успех на ученикот постигнат по четири предметите: (мајчин јазик, странски јазик- како задолжителни и два предмети што се од значење за струката – односно изборното подрачје,
  • дипломи од освоени (I, II и III) место од меѓународни и републички натпревари (од мајчин јазик, странски јазик и наставните предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје,
  • средна вредност од поени добиени од поведение.

 

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: мајчин јазик и математика.

Тестирањето се однесува за сите ученици кои имаат ист број поени и се под и над последниот реден број предвиден за прием согласно конкурсот.

  1. За средниот успех од VI-IX одделение, ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо , осмо и деветто одделение се собира, се дели со четири и истиот број се множи со коефициентот 10).
  2. За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети: Двата наставни предмети задолжително за сите видови на образование и два предмети што се значајни за струката – подрачјето, ученикот може да добие најмногу 20 поени  (5 поени за секој предмет).
  3. За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републицчки натпревари 3 поени за I место, 2 поени за II место, и 1 поен за III место. На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
  4. За средна вредност од поените за поведение од VI-IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени : примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение со 3 поен и незадоволително поведение со 0 поени.
    Средната вредност е збир од поените за поведението од VI, VII, VIII и IX одделение, поделено со 4).
  5. Ученикот по сите критериуми утврдени во овој конкурс може да освои најмногу најмногу 80 поени.
  6. Минималниот број поени со кои кандидатите ќе можат да конкурираат за запишување во СУГС Гимназија “Орце Николов”- Скопје, е 60 поени за првото пријавување во првиот уписен рок.
  7. За учениците кои деветто одделение го завршиле во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (шесто, седмо или осмо) завршиле во странство, з за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за  избор на ученици дадени погоре.

 

VI. ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
  1. Изборот и запишувањето на учениците се врши, врз основа на ранг листа изготвена според вкупниот број поени што се пресметуваат одделно за секој кандидат.
  2. Вкупниот број поени се утврдува според критериумите за избор на учениците.
  3. Во рамките на предвидениот број ученички места утврдени со овој оглас имаат право да се запишат и учениците кои ја повторувале годината и кои во определениот рок се пријавиле како повторувачи со право да го задржат статусот на редовен ученик.

 

НАПОМЕНА

  • Пријавувањето да се врши лично од ученикот или родителот (старателот).
  • Во пријавата да се назначи дали се запишува за билингвална настава.
  • Некомплетни документи нема да се примаат.

 

Претседател на училишна комисија
Митко Димовски

 


КОРИСНИ ЛИНКОВИ