Квалификационото тестирање од предметот англиски јазик за упис во билингвалните паралелки во прва година ќе се реализира во вторник – 22.06.2021 година со почеток во 10 часот.

Квалификационо тестирање по француски јазик за билингвална француска паралелка нема да се реализира.

Се замолуваат учениците кои ќе се тестираат, да пристигнат во училиштето 30 мин. пред назначеното време, за да започне тестирањето навреме.

Потребно е учениците со себе да носат документ за лична идентификација, заштитна маска, пенкало и шишенце со вода и да ги следат насоките од одговорните редари во училиштето.

Резултатите од тестирањето ќе бидат објавени на 22.06.2021г. по 15 часот.