Од 8-14 мај.2022  група од 5 ученици заедно со одговорните професори  на Еразмус+ проектот  „АЈКИЛИ – одржливост  , херои и немирни витези на училиште“ учествувааа  на третата мобилност во Ангра до Хероисмо, на португалскиот остров Терсеира во автономниот регион на Азорските Острови. Ученици од Португалија, Италија, Шпанија, Луксембург, Северна Македонија и Полска извршија проектни задачи врз основа на целите  од Агендата на ОН 2030 за одржлив развој.

За темата  SDG 7(Affordable and clean energy) достапност и чиста енергија, имавме презентации  и креирање на план за  модел училиште.Учениците разговараа за одржлива и модерна енергија и зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во глобалниот енергетски микс.

Втората тема беше SDG13 – Климатски промени. За оваа тема  учениците работеа  во транснационални тимови ,  користеа  карбон фотопринт калкулатор  за да се дознаат резултатите и да се споредат меѓу себе.

Имавме можност да се запознаеме со Angra do Heroismo – историски  град, кој е главен град на островот Terceira. Во Бискоитос ( место ) пливавме во водите на Атлантскиот Океан. Го посетивме и Алгар до Карвао – еден од трите светски познати вулкани што може да се видат.Имавме и пешачка тура по националниот парк Монте Бразил, каде можевме да видиме срнички кои си слободно си шетаа. Посебна атракција за нас беше патувањето со моторни чамци преку Атлантскиот Океан во потрага по китови и делфини.

Карактеристично за островот Терсеира е и краварството. Се зборува дека овде има дури 4 крави на жител. Овде се произведуваат огромни количини млеко и вкусни сирења и тоа е околу 30% од вкупните потребни за Португалија.

До островот Терсеира патувавме точно 23 часа, три авионски линии и плус автобуски превоз Скопје-Белград.Самото патување ни беше дополнително искуство.

Одговорни професори :Јованчева Билјана и Накоска Гордана