Драги сите, втората Орцашка вечер на поезијата донесе бура емоции што ја преплавија вечерта со многу насмевки, љубов, топлина, прекрасна енергија и аплаузи. Настанот го заокружи циклусот Денови на Орце, одржани по повод патрониот празник на нашето училиште. Повеќе од дваесет ученици ја добија можноста да читаат свои или избрани стихови поезија, а особено сме радосни за присуството на поетите-гости: Јулијана Величковска, Андреј Ал-Асади, Славица Гаџова Свидерска, Андреј Медиќ Лазаревски и Ѓоко Здравески. Оваа година, покрај поезија на македонски, англиски и француски јазик, поетското читање се збогати и со стихови на словенечки јазик, благодарение на гостите од гимназијата Пољане од Љубљана, Словенија. 
 
Овогодинешното издание беше придружено со музика и танц, со помош на Лука, Стефан и Дариа, а вечерта заврши со песната на Дејвид Боуви и стиховите: Сите можеме да бидеме херои, само на еден ден.
 
Ви благодариме на сите што одвоивте време да присуствувате и ни дозволивте да Ве внесеме во нашиот заеднички сон. Особена благодарност искажуваме до професорката по македонски јазик и литература – Драгица Јанкуловска, која ни даде креативна слобода и простор да се изразиме преку поезијата, и до организаторите Софија, Бојана, Ева и Јане.
 
Поддршка ни дадоа и: Драмски театар кои ни помогнаа за осветлување на сцената, Виталиа за слатките, но пред се` здрави задоволства, и Кафе Ли Арт со чија помош сцената изгледаше магично.
 
До следно видување и остварување на нашите соништа!”