Нашите ученици Теодора Тиквешанска и Димитар Џамбазов, како победници на Државниот натпревар за избор на претставници, имаа успешен настап на 31-вата Меѓународна филозофска олимпијада, која оваа година се одржа во Олимпија, Грција. Во конкуренција од 50 земји учесници, од сите континенти, Теодора Тиквешанска е добитник на Почесно признание (Honourable mention).
Големи честитки и благодарност до Теодора и Димитар за успешното претставување на нашето училиште и нашата држава.