По извршеното прегледување на тестовите за познавање на Англиски јазик на кандидатите кои конкурирале за 3 билингвални англиски паралелки, Комисијата за рангирање констатира дека 13 кандидати имаат ист број на поени, со што за 5 ученици се надминува бројката од 90 ученици во билингвланите англиски паралелки, одредена според Конкусот за упис на ученици во билингвални англиски паралелки во учебната 2025/2026 година.
Поднесено е барање до МОН за насоки за постапување, односно одобрување на поголем број ученици во билингвалните паралелки.
По добивањето на насоките од МОН, ќе биде објавена конечната ранг листа на огласната табла на влезот на училиштето и на веб страната на училиштето.