Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017, 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 229/2020), а во врска со Конкурсот од Министерството за образование и наука за упис на ученици во прва година во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година, Училишната комисија на СУГС Гимназија “Орце Николов” Скопје, донесе:
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за запишување ученици во прва година за гимназиско образование за учебната 2025/2026 година
I. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ
Во СУГС Гимназија Орце Николов Скопје, во учебната 2025/2026 година во прва година – второ пријавување, има 5 слободни места, според наставните планови и програми за:
-Гимназиско образование – 5 ученици, 60 поени минимум.
- При пријавувањето за гимназиско образование потребно е кандидатите уште при самиот упис да се определат согласно своите афинитети за соодветното подрачје и комбинација(А или Б) што ќе ги изучуваат во текот на нивното образование
- Природно – математичко подрачје (комбинација А)
- Природно – математичко подрачје (комбинација Б)
- Опшествено – хуманистичко подрачје (комбинација А)
- Опшествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б)
- Јазично – уметничко подрачје (комбинација А)
- Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б)
II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
- да имаат завршено основно образование
- да не се постари од 17 години
- да се определиле за план и програма за гимназиско образование
- да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој ИНТЕРЕН ОГЛАС
- Кандидатите од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини.
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
Пријавувањето и запишувањето на кандидатите се врши преку електронското пријавување, со електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk
Кандидатите кои аплицирале по електронски пат ја доставуваат следната документација во училиштето:
- пријава за запишување (се презема од официјалната веб-страница на МОН испечатена и пополнета).
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за секторот, насоката односно изборното подрачје;
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето – оригинален документ).
- Кандидатите ги поднесуваат документите лично кај уписната комисија во училиштето. Во случај на оправдана спреченост на кандидатот, документите ги поднесува родителот односно старателот на кандидатот на денот на уписот.
Некомплетирани документи нема да се примаат.
П Р Е Г Л Е Д
на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците
| Реден
број |
ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ
-подрачје/комбинација- |
Задолжителни
наставни предмети |
Наставни предмети кои се од значење за подрачјето |
| 1 | Природно-математичко подрачје
(комбинација А) |
-мајчин јазик
-англиски јазик |
-математика
-физика |
| 2 | Природно-математичко подрачје
(комбинација Б) |
-мајчин јазик
-англиски јазик |
-математика
-биологија |
| 3 | Општествено-хуманистичко подрачје
(комбинација А) |
-мајчин јазик
-англиски јазик |
-математика
-историја |
| 4 | Општествено-хуманистичко подрачје
(комбинација Б) |
-мајчин јазик
-англиски јазик |
-математика
-историја |
| 5 | Јазично-уметничко подрачје
(комбинација А) |
-мајчин јазик
-англиски јазик |
-математика
-историја |
| 6 | Јазично-уметничко подрачје
(комбинација Б) |
-мајчин јазик
-англиски јазик |
-математика
-историја |
IV. KОНКУРСНИ РОКОВИ
Јунски уписен рок
Пријавувањето и запишувањето на кандидатите се врши во јунски уписен рок со две пријавување. Пријавувањето на кандидатите ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk
- ПРВОТО ПРИЈАВУВАЊЕ преку електронско аплицирање на кандидатите ќе се врши: од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година.
- Доставувањето на потребната документација во училиштето ќе биде на 18 јуни 2025 година од 08:00 часот до 19:00 часот и 19 јуни 2025 година од 08:00 часот до 17:00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла и веб страната на училиштето.
- Доколку со примена на основните критериуми за избор, на ранг-листата се појават поголем број кандидати од планираниот број со еднаков број на поени, ќе се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: мајчин јазик и математика на 23 јуни 2025 година, а конечната ранг листа со резултатите ќе се објави на 23 јуни 2025 година на огласна табла на училиштето.
- Доколку НЕМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број кандидати од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 23 јуни 2025 година во 9 часот, а резултатите ќе се објават на 24 јуни 2025 година до 12 часот.
- Доставувањето на потребната документација во училиштето ќе биде на 18 јуни 2025 година од 08:00 часот до 19:00 часот и 19 јуни 2025 година од 08:00 часот до 17:00 часот.
- Доколку ИМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број кандидати од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 25 јуни 2025 година во 9 часот, а резултатите ќе се објават на 26 јуни 2025 година до 12 часот.
- ВТОРОТО ПРИЈАВУВАЊЕ преку електронско аплицирање на кандидатите, доколку има слободни места, ќе се спроведе на 30 јуни 2025 од 00:00 часот до 23:59 часот.
- Доставувањето на потребната документација во училиштето ќе биде на 01 јули 2025 година од 10:00 до 19:00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 02 јули 2025 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла и веб страната на училиштето.
- Доколку со примена на основните критериуми за избор, на ранг-листата се појават поголем број кандидати од планираниот број со еднаков број на поени, ќе се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: мајчин јазик и математика на 04 јули 2025 година, а конечната ранг листа со резултатите ќе се објави на 04 јули 2025 година на огласна табла и веб страната на училиштето.
- Доколку НЕМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број кандидати од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 03 јули 2025 година во 9 часот, а резултатите ќе се објават на 04 јули 2025 година до 12 часот на огласната табла и веб страната на училиштето.
- Доколку ИМА квалификационо тестирање по наставните предмети мајчин јазик и математика и доколку во вкупниот број на примени ученици, за билингвалните паралелки аплицирале поголем број кандидати од планираниот број, ќе се организира квалификационо тестирање по предметот англиски јазик, односно француски јазик на 07 јули 2025 година во 9 часот, а резултатите ќе се објават на 08 јули 2025 година до 12 часот на огласнатата табла и веб страната на училиштето.
Августовски уписен рок
- Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот уписниот рок со две пријавувања.
- Пријавувањето на ученици ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15:00 часот со електронско аплицирање.
- Доставувањето на потребната документација ќе биде на 21 август 2025 година од 08:00 часот до 17:00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 22 август 2025 година, најдоцна до 10:00 часот на огласната табла и веб страната на училиштето.
Против одлуката за упис, кандидатите и нивните родители (старатели), во рок од 12 часа од истакнување на конечната ранг листа, можат да поднесат приговор до Училишната комисија.
Решението по приговорот е конечно.
По објавување на конечната ранг листите со резултатите од запишувањето, кандидатите кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа.
V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ
- средниот успех на ученикот од VI-IX одделение,
- средниот успех на ученикот постигнат по четири предметите: (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за секторот,
- дипломи од освоени (I, II и III) место од меѓународни и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерството за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни наука, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставните предмети што се од значење за секторот, односно изборното подрачје,
- средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број кандидати од планираните предвидени со овој конкурс, а кои ги исполнуваат предвидените услови, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети: мајчин јазик и математика.
Тестирањето се однесува за сите кандидати кои имаат ист број поени и се под и над последниот реден број предвиден за прием согласно конкурсот.
- За средниот успех од VI-IX одделение, ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо , осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициентот 10).
- За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети: Двата наставни предмети задолжително за сите видови на образование и два предмети што се значајни за секторот, ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
- За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:
- За освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени
- За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III трето место – 1 поен.
- За средна вредност од поените за поведение од VI-IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени : примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение со 3 поени и незадоволително поведение со 0 поени.
Средната вредност е збир од поените за поведението од VI, VII, VIII и IX одделение, поделено со 4). - Ученикот по сите критериуми утврдени во овој конкурс може да освои најмногу најмногу 80 поени.
- Минималниот број поени со кои кандидатите ќе можат да конкурираат за запишување во СУГС Гимназија “Орце Николов”- Скопје, е 60 поени за првото пријавување во првиот уписен рок.
- За учениците кои деветто одделение го завршиле во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (шесто, седмо или осмо) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре, но со претходно нострифицирани свидетелства.
VI. ИЗБOР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
- Изборот и запишувањето на кандидатите се врши, врз основа на ранг листа изготвена според вкупниот број поени што се пресметуваат одделно за секој кандидат.
- Вкупниот број поени се утврдува според критериумите за избор на учениците.
- Во рамките на предвидениот број ученички места утврдени со овој оглас имаат право да се запишат и учениците кои ја повторувале годината и кои во определениот рок се пријавиле како повторувачи со право да го задржат статусот на редовен ученик.
НАПОМЕНА
- Пријавувањето да се врши лично од кандидатот или родителот (старателот).
- Во пријавата да се назначи дали се запишува за билингвална настава.
- Некомплетни документи нема да се примаат.
Претседател на училишна комисија
Марјан Пулевски