Квалификационото тестирање по предметот Англиски јазик за упис во билингвалните англиски паралелки во прва година, ќе се реализира во понеделник, 22.06.2026 година со почеток во 9 часот.

Ќе се тестираат сите ученици кои се пријавиле за билингвална англиска паралелка.

Се замолуваат учениците кои ќе се тестираат, да пристигнат во училиштето 15 мин. пред назначеното време. Списоците со простории за тестирање ќе бидат објавени на влезот на училиштето.

Потребно е учениците со себе да носат документ за лична идентификација со фотографија, пенкало и шишенце со вода.

Мобилни телефони, смарт часовници и други електронски уреди се забранети при тестирањето.

Резултатите од тестирањето ќе бидат објавени на 24.06.2026г.

Сите ученици кои нема да се квалификуваат за влез во билингвалните англиски паралелки, ќе бидат распределени во општите паралелки.

Квалификационо тестирање по Француски јазик за билингвална француска паралелка нема да се реализира.

Комисија за упис во прва година во СУГС Гимназија „Орце Николов“