Проектот „Час по приватност“ е во организација на Дирекцијата за заштита на лични податоци и поддржан од град Скопје и Министерство за образование и наука. Во рамките на активностите за реализација на овој проект се вклучени ученици од II-4 и II-7 од СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје кои направија дисеминација на предавањето од Дирекцијата за заштита на лични податоци во училиштето и изработија видео спот со едукативна содржина. Во продолжение можете да ги погледнете презентацијата, видеото и сликите.