Втор проектен состанок на учесниците во меѓународниот Еразмус+ проект „Young Voices of Europe“

На 14-15 септември, професорите Билјана Јованчева, Кристина Ристовска и Билјана Кироска од Гимназијата „Орце Николов“ учествуваа на состанок за меѓународниот проект Еразмус+ „Young Voices of Europe“ ( ТПМ – Транснационален проектен состанок).  Состанокот  се одржа во Гранада, Шпанија.

Целта на проектот е запознавање на учениците со целите за одржлив развој. Број на проектот: 2022-1-RO01-KA220-SCH-000085126.

На состанокот присуствуваа претставници на Шпанија, Турција, Италија, Литванија, Македонија, Португалија и Романија.

Се разговараше за реализираните активности во минатогодишниот период -12 месеци , се разговараше за новите активности во текот на оваа учебна година, за следните две амобилности како и за следните  работните обврски на учениците. Организацијата домаќин  Агифодент понуди и интересна културна програма во која учесниците на средбата ги посетија најубавите места во Гранада.

Овој проект е финансиран со поддршка на Европската комисија.

Еразмус+ проект координатор, професор Билјана Јованчева