Зависни од љубовта (ХЕРА)

Почетна / Проекти / Зависни од љубовта (ХЕРА)

Проект поддржан од Град Скопје, реализиран од невладината организација Хера. Проектот e актуелен во нашето училиште неколку години наназад преку различни едукативни и превентивни активности за спречување на употреба на психоактивни супстанции и промовирање на здрави животни стилови.

Нашите ученици ја искажуваат својата креативност на ова поле, преку изработка на разни дела.

Дали би сакалe да откриете колку е ризична вашата употреба на дрога? Со овој посебен тест кој се вика DUDIT, можете да откриете самите!

https://drughelp.eu/language.php

DUDIT ви дава целосна проценка на можните проблеми и негативности поврзани со вашата употреба на дрога. Исто така можете да добиете информација за тоа каде може да се обратите за поддршка и помош ако сакате да ја намалите или прекинете употребата на дрога.

Тестот има единаесет прашања поврзани со вашата употреба на дрога. Исто така од вас ќе биде побарано да ги кажете вашиот пол и возраст. Ве молиме одговорете на прашањата најкоректно и најискрено што можете, во спротивно повратните информации (резултатот) ќе немаат смисла за вас. Вашите одговори ќе бидат чувани во базата на податоци исклучиво за статистички цели. Никакви лични податоци нема да бидат зачувани, ниту пак ќе може да бидете идентификувани според вашите одговори.

DUDIT е научно потврден тест кој се користи со години од многу професионални советувачи за дрога.

Младинскиот центар „Сакам да знам“ e советувалиште за превенција од употреба на дрога кај средношколската популација во Скопје

https://hera.org.mk/mladinski-centar-sakam-da-znam-vodno/

Презентација за легални аспекти на дрогите

 

Оваа година во рамки на проектот, во нашето училиште се отвори конкурс за најдобар цртеж и фотографија на тема: „Зависни од љубовта“.

 

На конкурсот зедоа учество 30-тина ученици. Ментори беа професорите по ликовна уметност Снежана Крстевска и Сергеј Дамовски.
Наградени ученици (награди – електронски додатоци, галантерија) на ниво на училиште се:
Гаја Смилевска II-8
Делфина Орданоска III-9
Калина Димовска I-2

 

На 17.02.2017 година во Културно информативен центар, во организација на невладината организација Хера, се одржа финален настан каде беа изложени и прикажани активности од средни училиште на град Скопје и беа доделени награди во неколку категории.

На настанот беа изложени сите цртежи и фотографии од нашето училиште кои беа пријавени на конкурсот.
Во категоријата цртежи беше награден наш ученик, Софија Симјановска IV-3 (награда – таблет).
Им честитаме!!!