„ЕДЕН, ДВА, ТРИ… АКЦИЈАе проект финансиран од програмата  Erasmus +, КА229, соработка за иновација и размена на добри практики, кој трае две години, од 01.09.2019 до 31.08.2021.

СУГСГ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ е партнер во овој проект со уште едно училиште од Шпанија кое воедно е и координатор на проектот.

http://www.juntadeandalucia.es/averroes/centros-tic/11700445/helvia/sitio/

Проектот се работи на француски и на англиски јазик.

Теми на проектот.

– Промовирање на одговорност кон должностите и правата на учениците, водејќи сметка за почитување кон другите, толеранција и дијалог како вредности на плуралното општество, спречување на пасивно или дискриминаторско однесување меѓу мажите и жените, вознемирување, насилство или компјутерско насилство.

– Надминување на различностите, стимулирање и обезбедување на поголеми можности за учениците со потешкотии во училницата, во општеството.

– Промовирање на културното наследство, уметничкототворештво.

– Употреба на ИКТ и странските јазици како неопходен облик на комуникација за да се создадава праведен и функционален свет.

Прашалник за ученици:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfoGHLzpSpS-488km6GeK1Xch97u9cv21wZmkbYedFWibu2hA/viewform?usp=sf_link

Координатор на проектот – Бети С. Трајкоска

Kонтакт: onedeuxtresaction@gmail.com