Со овој документ се одредени начините на организација и реализација на работата на училиштето во услови на спроведување на настава на далечина.
Овој документ се темели врз Планот за одржување на настава со далечинско учење за учебната 2020/2021 година изготвен и доставен до училиштето од страна на Министерството за образование и наука.
Училиштето:
- Ги планира и спроведува активностите кои се потребни за реализирање на настава од далечина,
- Обезбедува технички услови (платформа, опрема, интернет врска), позитивна клима за работа, обука на наставниците и учениците за користење на дигитални платформи за реализација на наставата,
- Изготвува Годишна програма за работа во која е планирана реализација на наставата со далечинско учење,
- е должно да организира активности или обезбеди материјали за оние ученици кои не се во можност да следат настава со далечинско учење.
Директорот на училиштето:
- Ги планира и координира активностите во училиштето со далечинско учење,
- Го информира училишниот одбор за начинот на реализација на наставата со далечинско учење,
- Одредува администратор во училиштето,
- Комуницира со наставниците, учениците и родителите во насока на подобра организација и реализација на наставниот процес во услови на далечинско учење,
- Комуницира со одговорни лица од МОН, БРО, ДПИ, ДИЦ, Град Скопје и сл. во насока на имплементирање на барањата за успешна реализација на наставниот кадар,
- Директорот во соработка со стручните соработници во секое време од наставата може да извршат посета на учење на далечина, и реализирање на часовите на наставниците. Извршената посета на часот ја евидентираат во својот дневник за работа.
Стручниот соработник:
- Комуницира со наставниците, учениците и родителите во насока на подобра организација и реализација на наставниот процес во услови на далечинско учење,
- Комуницира со одговорни лица од МОН, БРО, ДПИ, ДИЦ, Град Скопје и сл. во насока на имплементирање на барањата за успешна реализација на наставниот кадар,
- Дава психолошка и педагошка поддршка на учениците за успешно следење на наставниот процес,
- Дава методичко-дидактичка поддршка за наставниците во услови на далечинско учење, планирање на наставата и наставните единици,
- Психологот на училиштето, преку далечина со користење online алатки или со физичко присуство, врши индивидуални средби со родители/старатели и ученици кои имаат потреба од стручна психолошка поддршка. Потребата од стручна психолошка поддршка се врши по барање на ученик, родител/старател, класен раководител или предметен наставник,
- Психологот на училиштето online или со физичко присуство, врши советување на родители/старатели и ученици во согласност со Законот за основно образование. За секоја одржана средба со секој ученик и родител, психологот води евиденција,
- Педагогот на училиштето, преку далечина со користење online алатки или со физичко присуство, врши индивидуални средби со родители/старатели и ученици кои имаат потреба од педагошка поддршка. Потребата од стручна педагошка поддршка се врши по барање на ученик, родител/старател или класен раководител или предметен наставник,
- Педагогот на училиштето online или со физичко присуство, врши советување на родители/старатели и ученици во согласност со Законот за основно образование. За секоја одржана средба со секој ученик и родител, педагогот води евиденција.
- Соработува со стручните активи, администраторот и менаџментот во училиштето за спроведување на мерките кои се потребни за успешна реализација на воспитнообразовниот процес во училиштето.
Наставниот кадар:
Класниот раководител:
- Соработува со администраторот во креирањето на е-маилови на учениците во својата паралелка,
- Ги информира учениците за прашања важни за спроведување на далечинско учење,
- Ги информира родителите за прашања важни за спроведување на далечинско учење,
- Соработува со директорот и стручната служба за прашања поврзани со учениците, родителите и наставата.
Предметниот наставник:
- Подготвува час користејќи ги насоките за употреба на дигитална платформа,
- Ги следи препораките за скратени наставни програми и според нив изготвува планирања,
- Ги користи алатките во рамки на платофрмата за објективна проверка на постигнувањата на учениците,
- Ги информира учениците за начинот на работа по својот наставен предмет во услови на далечинско учење,
- Континуирано им дава поддршка на учениците кои имаат потешкотии во следење на далечинската настава,
- Формално комуницира со учениците и родителите од паралелките во кои предава по електроски пат,
- Води педагошка евиденција на присутни ученици во Е-дневник,
- Е должен да го информира класниот раководител и/или стручната служба доколку некој ученик почесто отсуствува од наставата со далечинското учење или пројавува проблем со однесување.
Ученикот
- Е должен да го почитува распоредот на часови и време на вклучување на он лајн платформата,
- Е должен да учествува во часот, да биде со вклучена камера (освен во случаи кои се однапред пријавени и договорени со класниот раководител)
- Е должен редовно да ги извршува задачите и да ги доставува до наставниците во предвидениот рок,
- Кој нема да се вклучи на часот со далечинско учење, ќе се смета дека неоправдано отсуствувал од настава, доколку родителот не пријави и регулира отсуство со класниот раководител,
- кој врши снимање и фотографирање на наставниците или своите соученици ќе се смета дека извршил злоупотреба на податоци и со него ќе биде постапувано според законска процедура одредена во Правилникот за изрекување на педагошки мерки.
Родителот
- Е должен да пријави по електорски пат на класниот раководител дека неговото дете не е во можност да се вклучи во настава со далечинсо учење,
- Е должен да соработува со класниот раководител, предметните наставници и останатиот кадар во насока на успешно следење на наставата на своето дете,
- Да пријави во рок од еден ден на класниот раководител доколку ученикот е дијагностициран како позитивен на Covid -19 или друга заразна болест.
Административно техничкиот кадар
- Е должен да реализира активности во доменот на свое делување за да овозможи административни и хигиенско-технички услови за успешно реалзирање на настава со далечинско учење,
- Е должен да ги почитува мерките за социјална дистанца, носење маска и редовно одржување на хигиена и дезинфекција,
- Врши дезинфекција на објектот, поставуваат стази натопени со дезинфекциско сретство и постојано обезбедува истото да е влажно,
- Се грижи тоалетите да бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење нарацете со проточна вода и сапун и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05%натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горниповршини,
- Ги одржува холовите, скалите и останатите заеднички простории,
- Чистењето на фискултурната сала и соблекувални и другите помошни простории, се врши веднаш по користењето,
- Вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште, за време на престојот во училиште и за време на наставата задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лице, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца,
- Наставникот е должен да пријави кај директорот на училиштето зголемена телесна температура (над 37,4°) и да постапи според упатставта за контактирање на својот матичен лекар,
- Доколку било кој вработен во текот на работното време покаже знаци на зголемена телесна температура (над 37,4°), се упатува да стапи во контакт со матичен лекар, а лицата со кои бил во контакт во училиштето се упатуваат во изолација и работа од дома.
- За секакво доцнење и непочитување на своето работно време ќе се применат мерките за непочитување на планот и протоколот.
ЗАДОЛЖЕНИЈА НА НАСТАВНИОТ КАДАР ПРИ НАСТАВА СО ДАЛЕЧИНСКО УЧЕЊЕ
- Наставниот процес во училиштето се одвива во две смени според однапред утврден распоред на часови,
- Заради здравствена заштита на учениците и вработените во училиштето, како и постигнување на резултатите на учење утврдени во наставните програми, работата на училиштата се организира на начин на кој училиштето ќе претставува училишна безбедна средина за работа и учење,
- Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како да ги почитуваат правилата за далечинско учење,
- Наставникот е должен да ги извршува предвидените задолженија од националната платформа за далечинско учење,
- Наставникот задолжително води двонасочна комуникација со оние ученици кои ја следат наставата од далечина преку националната платформа, како и со сите родители/старатели и групни состаноци со користење на online врска,
- Наставникот по својот предмет задолжително води електорнскопорфолио на ученикот,
- Наставниот кадар како и другите вработени влегуваат од СЛУЖБЕН ВЛЕЗ и задолжтелно вршат дезинфекција на рацете и обувките. При влегување се препорачува наставниците како и сите други вработени да избегнуваат подолго задржување на влезот како и други простории како наставничката канцеларија и да практикуваат физичката дистанца меѓу наставник и наставник/друг вработен во училиштето, наставник и ученик и наставник и родител/старател на ученикот,
- Наставниот кадар, на своето работно место треба да е 15 мин пред почетокот на часот кој го реализира,
- Сите наставници во училиштето ќе бидат запознаени со формата и содржината на планот и протоколот за реализација на наставата и дека доследно истите ќе го почитуваат.