Годинава одбележуваме 66 години од постоењето и функционирањето на нашата гимназија, СУГСГ „Орце Николов“.

Годинава се одбележуваат и 105 години од раѓањето на нашиот патрон, народниот херој Орце Николов.

Спречени од пандемијата, но во духот на младиот херој и во духот на сите изминати генерации ученици со прогресивни идеи и заложби за подобро утре, веруваме дека во некое подобро време ќе можеме достојно да ги одбележиме сите јубилеи кои овие 2 години ги пропуштивме.

Дотогаш да останеме во добро здравје и да го чуваме споменот и на нашиот патрон и на нашето училиште. Честит патронен празник на сите сегашни и поранешни ученици, на сите професори кои оставиле и оставаат печат во историјата на „Орце Николов“ и сите соработници кои изминатите 66 години дале свој придонес „Орце Николов“ да биде препознатлив бренд во градот и пошироко.