Почитуани наши, идни ученици,
Пријавата за упис во прва година ја преземате од mon.gov.mk – истата пополнета, заедно со сите потребни документи објавени во конкурсот ја приложувате на самиот упис.
Во врска со изборот на подрачјето, може да се информирате на нашата веб страница.
Почитувани,
Ве молам за информација , доколку сакаме да конкурираме во билингвалните паралелки каде треба тоа да го нагласиме во пријавата или има некој дополнителен документ.
Поздрав,
Почитувана Билјана, можете да допишете горе во пријавата дека се работи за билингвална паралелка. И кога ќе ги предавате документите нагласете на комисијата.
Каде има линк што ќе се полага за квалификационен за 1 ва година?
Здраво Наташа,
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк: https://orcenikolov.edu.mk/2020/06/22ri-juni-kvalifikaciono-testiranje-za-upis/
Што ќе полагаат за квалификационен испит учениците кои се запишуваат во прва година билингвална паралелка, бидејќи на страната од училиштето кај упис пишува дека ќе се полага приемен по англиски или француски во зависност од пријавата за упис.
Ви благодарам
Почитувани родители,
Според препораките на МОН, прво ќе се спроведе квалификационо тестирање за упис во училиштето, при што ќе се полага македонски јазик и математика.
По извршената селекција на кандидати, ќе следува второ тестирање за влез во билингвални паралелки, при што учениците ќе се тестираат за познавање на англиски или француски јазик.
Останете спокојни и во добро здравје!