Во текот на првото полугодие од учебната 2021/2022 година во организација на Биро за развој на образование се одржа презентација од страна на советничката Жанета Чонтева на тема – Спречување на трговија со деца.

Претставниците од училишните тимови, беа охрабрени овие содржини да ги дисеминираат на наставниците, учениците и родителите, во своите училишта.

Училишниот тим на нашето училиште изготви акциски план со активности кои во текот на вторто полугодие ќе бидат спроведени во училиштето.

На 10.01.2022 год. пред наставниците од СУГС Гимназија „Орце Николов“ се одржа дисеминациска сесија на тема Спречување на трговија со деца. На обуката беа присутни 65 наставници. Класните раководители информацијата ќе ја споделат со родителите на родителските средби, а истата е објавена на веб страната на училиштето.

Во текот на второто полугодие ќе се спроведат активности со учениците.

Превземете презентација