Квалификационото тестирање по предметот англиски јазик, за упис во билингвалните англиски паралелкиво прва година  ќе се реализира во вторник – 21.06.202година со почеток во 12 часот.

Ќе се тестираат сите ученици кои се пријавиле за билингвалната англиска паралелка, а кои се ПРИМЕНИ во училиштето и го поминале квалификацискиот испит по македонски јазик и математика.  

Квалификационо тестирање по француски јазик за билингвална француска паралелка нема да се реализира.

Се замолуваат учениците кои ќе се тестираат, да пристигнат во училиштето 15 мин. пред назначеното време и да започне тестирањето на време. Списоците со простории за тестирање ќе бидат објавени на влезот на училиштето.

Потребно е учениците со себе да носат документ за лична идентификација со фотографија, пенкало и шишенце со вода и да ги следат насоките од одговорните редари во училиштето.

Резултатите од тестирањето ќе бидат објавени на 22.06.2022г.