ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТ: 2015-2018

КООРДИНАТОР НА ПРОЕКТ: Сузана Стојчевска

СУГСГ „Орце Николов“ учебната 2015/2016 година ја започна со нов проект “Ефектот на пеперутката” од Европската програма “Еразмус +”, КА2 – Стратешки партнерства, соработка за иновација и размена на добри практики во времетраење од три години.

Во активностите  се вклучени 7 училишта – средно училиште во Мондехар, Шпанија како координатор на проектот и партнери: средно училиште во Убах Паленберг, Германија; средно училиште од Ленс, Франција; средно училиште од Стилијано, Италија; средно училиште од Червонка-Лешчини, Полска и СОУ “Никола Вапцаров” од Хаџидимово, Бугарија.

Проектот има за цел поттикнување и развој на креативното размислување на учениците преку различни иницијативи – дебати, истражувања на јавното мислење, играње на улоги, студии на случај, онлајн форум, солидарни акции и сл. Преку проектот ќе се подигне свеста на учениците и наставниците за нивните  права и одговорности во граѓанското демократско општество.

Тим од двајца наставници: Сузана Стојчевска (координатор на проектот), Анастазија Б. Велчовска  и тројца ученици од трета година во билингвалната паралелка на француски јазик во СУГСГ “Орце Николов”: Ангел Пејковски, Мелпомение Гуиссоуегоу Доуби и Ангела Миладинова, од 15 до 22 ноември 2015 престојуваа во Убах Паленберг – Германија.

За време на шестдневниот престој во Убах-Паленберг  учениците беа сместени во семејства на учениците од училиштето вклучени во проектот што претставува одлична можност да ги развијат комуникациските вештини и јазичните способности. Заедно со партнерите од Шпанија, Полска, Италија, Германија и Бугарија (учесниците од Франција не присуствуваа заради настаните од 13 ноември 2015 во Париз, беа спречени да патуваат во овој термин) имаа можност да учествуваат во различни активности според програма подготвена од училиштето – домаќин: презентации, предавања, работилници, дебати, спортски натпревари, солидарна  акција. Воедно имаа можност да ја посетат општината и многу историски и културни знаменитости во градот и регионот.

Престој и активности во СУГСГ „Орце Николов“ со  претставници од сите  земји-учеснички во проектот е предвиден во октомври 2016 година.

Партнери во проектот

  1. Мондехар, Шпанија – I.E.S. Alcarria Baja (координатор на проектот)
  2. Скопје, Македонија – СУГСГ „Орце Николов“
  3. Червонка-Лешчини, Полска – Zespol Szkol w Czerwionce-Leszczynach
  4. Стилиано, Италија – Istituto di Istruzione Superiore „F. Alderisio“
  5. Убах – Паленберг, Германија – Willy-Brandt Gesamtschule Übach-Palenberg
  6. Хаджидимово, Бугарија – SOU „Nikola Vaptsarov“
  7. Ленс, Франција – Lycée St Paul

 

Теми на проектот

Основни теми на проектот се:

  1. Право на образование
  2. Правата на човекот
  3. Полова еднаквост
  4. Да ја сочуваме нашата планета
  5. Подобро запознавање, подобра комуникација
  6. Здравје и здрави навики

 Видео:

 

Линк до официјалниот блог за проектот на француски јазик

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.