Според конечната ранг листа, 269 кандидати кои конкурирале на конкурсот за упис во прва година – прво пријавување во учебната 2023/2024г. се примени.

Квалификационото тестирање за влез во билингвалните англиски паралелки ќе се спроведе во понеделник – 26.06.2023 година со почеток во 10 часот. Потребно е кандидатите со себе да носат документ за идентификација (патна исправа), пенкало и шише со вода. Резултатите од тестирањето за блингвалните англиски паралелки ќе бидат објавени на 27ми јуни (вторник) 2023г. до 12.00ч.

Учениците кои нема да влезат во билингвалните англиски паралелки, ќе бидат распределени во останатите паралелки. Тестирање за билингвална француска паралелка нема да се спроведе.

За преостанатите 16 слободни места ќе се спроведе второ пријавување од првиот уписен рок, според Конкурсот за упис во прва година во учебната 2023/2024г. кој е истакнат на огласната табла на вратата на училиштето и на веб страната на училиштето.

 

Документи