Во последниве пет години нашата гимназија е постојано присутна на саемот на иновации „Макинова“ и „Еконова“ која секоја година се одржува на Скопскиот саем во рамки на саемот за електроника, металургија, неметали и конструкција – ТЕХНОМА. Како и во изминатите години, така и оваа, учеството на млади умови и таленти од области на природните науки и технологии беше запечатен со златен медал. Ученичката Моника Фиданчевска од II – 7 клас под менторство на Виолета Толева, професор по хемија, на саемот на иновации кој се одржа во периодот од 15 – 19. 10. 2013 се претстави со темата „Добивање на стипса од отпаден алуминиум“. Својата иновација успешно ја презентираше како пред посетителите на саемот така и пред повеќечлената жири комисија. Оваа иновација од еколошка проблематика на Моника и овозможи да се закити со златен медал и со неколку пофалници (СПАТУМ и ЕМИТЕР). (слики во галеријата) Саемот на иновации го посетија и првиот човек на државата, Г-дин Ѓорѓи Иванов и министерот за образование и наука, Г-дин Спиро Ристевски кои се интересираа за творештвото на младите иноватори (види слики во галеријата на фотографии).
Новости
- Пријавување и запишување на ученици во прва година во СУГС Гимназија „Орце Николов“ за учебната 2024/2025 година април 26, 2024
- ИНТЕРЕН ОГЛАС за запишување ученици во прва година за гимназиско образование за учебната 2024/2025 година април 19, 2024
- Меѓународната размена со Гимназија “Пољане” од Љубљана, Р. Словенија продолжи и годинава ноември 28, 2023
- Список за термини за дополнителна и додатна настава и прием на родители за учебната 2023/2024 година септември 19, 2023
- Прв дел од Еразмус+ проектот на тема ,,Building peace by watching history through several eyes“ септември 9, 2023
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 |