70 години - СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје

Се гордееме на изминатите 70 години од постоењето и работата на „Орце Николов“ така да се гордееме на годините што следуваат, на генерациите што доаѓаат. СУГС Гимназијата „Орце Николов“ низ овие 70 години нуди традиција на квалитетна настава, многубројни места освоени на натпреварите на државно и на меѓународно ниво, безброј успешни национални и меѓународни проекти, активности и др.

Стекнуваме знаења, вештини и способности.

Ние сме училиште со традиција, отворено за нови идеи кои поттикнуваат индивидуалност и креативност, дисциплина и култура, повисоки интелектуални способности и образование кое ќе одговори на животните предизвици.

последни Новости

СТЕМон – панел дискусија

СТЕМон – панел дискусија

По повод 70-годишниот јубилеј на училиштето, нашата идеја „СТЕМон – панел дискусија“ ги обедини STEM студентите и учениците со заедничка цел – соработка и размена на искуства за идни STEM предизвици .Горди сме на основачите на СТЕМон и благодарни на учениците што не...

read more
Проект: Меѓународната размена со Гимназија “Пољане” од Љубљана, Р Словенија

Проект: Меѓународната размена со Гимназија “Пољане” од Љубљана, Р Словенија

Како дел од нашата заложба за интеркултурна соработка и унапредување на образовниот процес, четврта година по ред го реализиравме проектот Меѓународната размена со Гимназија "Пољане" од Љубљана, Р Словенија, во кој беа вклучени ученици од втора година од нашата...

read more
Отворен Ден 2025 година

Отворен Ден 2025 година

Ги покануваме сите идни ученици и нивните родители да се запознаат со ентериерот и креативните содржини кои ги нуди нашата гимназија. Задоволство ќе ни биде да одговориме на сите ваши прашања на отворениот ден на 17.5.2025 г. (сабота). Ве...

read more

70 години: Звуци под ѕвездите

Ова е третото издание на концертот „Звуци под ѕвездите” кој се одржа на 23.04.2025 во свечената сала во Музејот на македонската борба. Концертот беше одржан по повод 70години од постоењето на нашата гимназија. Нашите ученици имаа можност да ги претстават своите...

read more

последни Проекти

Проект час по приватност

Проект час по приватност

Проектот „Час по приватност“ е во организација на Дирекцијата за заштита на лични податоци и поддржан од град Скопје и Министерство за образование и наука. Во рамките на активностите за реализација на овој проект се вклучени ученици од II-4 и II-7 од СУГС Гимназија...

read more

години

ученици

професори

успешни приказни

 

70 години спомени. 70 години спој на генерации. 70 години мисија на знаење, квалитет, автентичност, оригиналност. „Орце Николов” – гимназија на седумдесет генерации кои слават јубилеј. Празник на младоста, на радоста, на заедничките спомени.

Монографија

Монографија за нашето училиште, изработена по повод 70 години патронатот во PDF електронски формат. Преземете овде. Доколку сакате да ја преземете целосната верзија на Монографијата со повеќе информации, како и други активности и реализирани проекти. Преземете овде.

Патронат 60 години

Повеќе информации за патронатот 60 години, вклучувајќи ја малата и големата монографија и видео преносот од патронатот. Пристапи овде.