70 години - СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје

Се гордееме на изминатите 70 години од постоењето и работата на „Орце Николов“ така да се гордееме на годините што следуваат, на генерациите што доаѓаат. СУГС Гимназијата „Орце Николов“ низ овие 70 години нуди традиција на квалитетна настава, многубројни места освоени на натпреварите на државно и на меѓународно ниво, безброј успешни национални и меѓународни проекти, активности и др.

Стекнуваме знаења, вештини и способности.

Ние сме училиште со традиција, отворено за нови идеи кои поттикнуваат индивидуалност и креативност, дисциплина и култура, повисоки интелектуални способности и образование кое ќе одговори на животните предизвици.

последни Новости

Одлука за изменување и дополнување на интерниот оглас за запишување ученици во прва година за гимназиско образование за учебната 2026/2027 година

Преземете ја одлуката за изменување и дополнување на интерниот оглас за запишување ученици во прва година за гимназиско образование за учебната 2026/2027...

read more

Пријавување и запишување на ученици во прва година во СУГС Гимназија „Орце Николов“ за учебната 2026/2027 година

ПРВО ПРИЈАВУВАЊЕ опис датум термин Прво пријавување преку електронско аплицирање на кандидатите 12.-15.06.2026 до 23:59 часот на 15.06.2026 Доставувањето на потребната документација во училиштето 16.06.2026 17.06.2026 08:00-19:00 часот 08:00-15:00 часот Конечната ранг...

read more

Интерен оглас за запишување ученици во прва година за гимназиско образование за учебната 2026/2027 година

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година во Република Северна Македонија, објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија на Средното училиште на Град Скопје Гимназија “Орце Николов” –...

read more
CybHER: Зајакнување на жените и девојките во сајбер безбедноста

CybHER: Зајакнување на жените и девојките во сајбер безбедноста

Проектот CybHER е финансиран од Владата на Велика Британија, имплементиран од Британскиот совет и ги оспособува девојките и жените во сајбер безбедноста низ целиот Западен Балкан. Нашето училиште беше едно од девет училишта од целата држава, во кои се формираа клубови...

read more

последни Проекти

Гласот на младите – 3та ЛТТА

Гласот на младите – 3та ЛТТА

Од 14-21 октомври годинава претставници на гимназијата Орце Николов беа во посета на училиштето Agrupamento de Escolas Pinheiro e Rosa , Фаро, Португалија. Целта на ова патување беше учество во активностите на проектот Erasmus+ :Young Voices of Europe (проект бр....

read more
Втор проектен состанок на учесниците во меѓународниот Еразмус+ проект „Young Voices of Europe“

Втор проектен состанок на учесниците во меѓународниот Еразмус+ проект „Young Voices of Europe“

Втор проектен состанок на учесниците во меѓународниот Еразмус+ проект „Young Voices of Europe“На 14-15 септември, професорите Билјана Јованчева, Кристина Ристовска и Билјана Кироска од Гимназијата „Орце Николов“ учествуваа на состанок за меѓународниот проект Еразмус+...

read more
Нашето училиште координатор на Еразмус+ проект КА 229 МК01-077770. Посета на Србија, последната активност од двегодишниот проект

Нашето училиште координатор на Еразмус+ проект КА 229 МК01-077770. Посета на Србија, последната активност од двегодишниот проект

Еразмус + проектот Да ги размениме нашите култури со помош на  веб 2 алатки е првиот во низата проекти од овој вид, кои започнаа 10-тина години наназад, но ова е прв проект чиј  носител е нашето  училиште. Координатор на целиот проектот е професорката Билјана...

read more

години

ученици

професори

успешни приказни

 

70 години спомени. 70 години спој на генерации. 70 години мисија на знаење, квалитет, автентичност, оригиналност. „Орце Николов” – гимназија на седумдесет генерации кои слават јубилеј. Празник на младоста, на радоста, на заедничките спомени.

Монографија

Монографија за нашето училиште, изработена по повод 70 години патронатот во PDF електронски формат. Преземете овде. Доколку сакате да ја преземете целосната верзија на Монографијата со повеќе информации, како и други активности и реализирани проекти. Преземете овде.

Патронат 60 години

Повеќе информации за патронатот 60 години, вклучувајќи ја малата и големата монографија и видео преносот од патронатот. Пристапи овде.